ЖивотУбави совети

Вкусна идеја за посен ручек!

Што вкусно да ручате денес?

Потребно е:
пиперки
100 гр ориз
1 голем кромид
1 голем морков
1 лажица ајвар
3 чешниња лук
2 домати или компири
200 мл доматно пире
сол
пипер
1/2 лажичка црвена мл. пиперки
1 лажиче брашно
магдонос
масло

Подготовка:
На масло пропржете исечен кромид и морков исечен на коцки. Варете го оризот и исцедете го. Во пржениот кромид додадете сецкани пиперка, ајвар, сол, бибер и варен ориз.

Измешајте сè. Наполнете замрзнати или свежи пиперки и покријте ги со домати или кришки од компири. Се редат во подмачкана тава. Ставете брашно во сад и истурете доматен сос и исто толку вода. Печете на 210 степени Ц околу 50 минути. убаво да поцрвенат.

Уживајте во прекрасниот вкус.

Поврзани статии

Back to top button