Повторно оригинална- Полина жари во новото видео!

Деновиве излезе новото видео на младата и талентирана пејачка Полина во кое таа повторно го покажа својот талент.

Песната “Ти” е нејзина трета песна која може да ја слушнете на нејзиниот YouTube канал. “Ти” се заокружи со видео запис кој Полина го работеше со талентираната Христина Трајкоска на три одбрани локации. Замислата доби свој печат со посебните препознатливи креации на Андреј Ѓорѓиевски ПАПАЗ. Музиката и текстот се на Полина заедно со Иван Петровски, додека аранжманот и продукцијата ги работеше Иван. “Процесот е долг но прекрасен, се осврнуваш на идеите и стекнатото знаење, потоа чекориш само напред додека не стигнеш до реализација и готовиот производ. Тогаш веќе си среќен со тоа што си го направил а задоволството е огромно. Благодарност до целиот тим кој ме следеше во подготовките и ме поддржуваше за овој проект да излезе успешен. Со Иван работиме и на останатите песни кои во иднина ќе се заокружат со албум..следете не, ќе бидеме повторно со вас за скоро време со нови освежувања”- порачува Полина! Погледнете го видеото:

loading...