Убави книги и филмови

Книги кои ќе ве воодушеват уште на почетокот

Одбравме книги кои вредат да бидат прочитани!

Дамски гамбит (Волтер Тевис) Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола. На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива. Роман на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.

Лулу (Јана Мишо) Хумор, метал и книжевен салон во приказна за девојка што работи во една од последните класични ковачници во градот. Откако ќе избега од живот до кој не може да си објасни како стигнала, Лулу решава да се затвори над чекан и наковална, без некоја посебна возбуда и, се разбира – не ù успева. Влегува во свет на преиспитување, самобендисани автори и Гертруд Стајн. На лажни и вистински луѓе, на неочекувани ракописи и комплицирани односи. Приказна во која жените немаат време да размислуваат дали живеат во машки свет, напротив – сами се спасуваат.

Колку покрваво (Стивен Кинг) Од број еден авторот на бестселери на „Њујорк тајмс“, легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција, доаѓа исклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места. Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ù се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.

Поврзани статии

Back to top button