МодаУбави совети

Какви костими за капење ќе се носат ова лето?

Костимот за капење со долги ракави што најмногу го гледавме во „Чуварите на плажата“, одеднаш влезе во нашите животи преку голема модна врата, точно на време за да не потсети што да избереме ова лето!

Оваа варијанта можеби не ви изгледа примамливо, но ни се чини дека е исклучително оригинален и првенствено многу поздрав начин да уживате во езерото, реката или морето оваа година.

Не само што неговите долги ракави совршено ќе ве заштитат од штетните УВ зраци, туку во исто време ќе бидете максимално безбедни во моментите кога ќе одлучите да ги истражите мистериозните длабочини на водата.

Од друга страна, мора да признаете дека овој вид гардероба на плажа е вистинско освежување и оригинален начин да привлечете внимание. Да, ќе се согласите со нас дека на сите ни е преку глава од длабоко деколте и невидливи танга – варијанти.

Поврзани статии

Back to top button