Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ивана Наскова

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со младата авторка Ивана Наскова.

Мојот рецепт за убав ден е што секогаш се потсетувам себеси дека раатот нема цена и не смеам да дозволам  некому да ми создава немир, нервоза, болка или што и да е негативно во текот на денот. Со годините научив многу лесно да се справуваат со тие луѓе и таквите ситуации. Сега ги знам моите способности, знам која е мојата вредност и никому ништо не должам, од таа причина никој нема никакво право врз мојот живот и право да се меша и да би рекла јас „Да ми го ремети мирот!“. Во ред е во животот со текот на годините да се одалечиме од некои луѓе, сме ги надраснале, сме се промениле, сме сфатиле дека вака сме посреќни. Во ред е и да тргнеме некои луѓе од нашиот живот, затоа што вашата среќа и вашиот мир се најважни. Ова е мојата тајна и мојот рецеп не само за убав ден, туку и за убав живот. Секогаш постои избор и јас секогаш избирам среќа! 

Поврзани статии

Back to top button