Од васУбави муабети

Психолог Ангелина Василевска – Биди мотивација и инспирација за другите

Непишано правило е дека само доколку сме себемотивирани и себеинспиративни, можеме да бидеме мотивација и инспирација за другите. Инспирацијата е способност да се допре до срцата и разумот на луѓето. Мотивацијата пак е способност да влеваш доверба во вештините со кои располагаат луѓето. Обично голем дел од луѓето недоволно ги користат своите потенцијали. Се задоволуваат со трошките од колачот кои што им ги доделуваат нивните претпоставени. Не се ангажираат доволно за да го дадат максимумот од себе, а со тоа и да постигнат повеќе за себе, и да добијат повеќе. Затоа многу често потребно е да ги предизвикаш луѓето да дадат се од себе. Мотивираноста пак, е еден од најважните фактори за личен
успех. Токму затоа инспирацијата и мотивацијата се двете најважни алки за лично себепостигнување. Поседувањето на двете доблести се клучни компетенции за себеисполнување. Да ги инспирираш луѓето значи во нив да всадиш чувство на повисока цел. Гради самодоверба кај луѓето, поттикни ја и охрабри ја креативноста кај нив. Повеќе
од луѓето чекаат само да помине времето немаат амбиција да креираат нешто свое, не се трудат да создадат нешто, да дејствуваат, да се менуваат. Да бидеш инспирација за другите значи да поттикнеш некого да направи или креира нешто. Додека пак мотивираните луѓе
се активни, постојано учат нешто ново, се развиваат. Да бидеш инспирација за другите значи другите да се огледуваат на тебе, да веруваат во тебе и да се свесни дека имаат што да научат од тебе, а воедно секој човек треба да го поттикне и својот таканаречен
внатрешен вулкан исполнет со високо ниво на сила и енергија, со кој ќе биде активен, среќен и исполнет. Токму затоа потрудете се да бидете инспирација и мотивација за другите, бидејќи вие свесно намерно или ненамерно ги поттикнувате да ги следат вашите
совети, вашиот пример, и со тоа им помагате да изградат подобрена а потоа и најдобра верзија од себеси.

Автор:Психолог, Ангелина Василевска

Поврзани статии

Back to top button