Ќе ти украдам бакнеж под полна месечина

Немој да ме слушаш. Ќе ти шепотам за светови што ги имам во душава. Ќе ти раскажувам за места од твојата фантазија. Ќе те фатам за рака и ќе речам:
-Ајде, љубовта нема правила!
Ќе ти украдам бакнеж под полна месечина.
И пред да се свестиш..
Ќе ти влезам под кожа.
А тогаш…
Ќе ме засакаш.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на  info@ubavo.mk

loading...