Од васУбави муабети

Од прашања се умира најмногу – Од прашања кои немаат одговор

Од што се умира? – прашува умниот.
Од болка!
Од тага!
Од злоба!
Од завист!
Од немаштија!
Од носталгија!
Од чума!
Од лоша магија се умира!

Ако дошло до умирање, да се умре од причина е тажно, но бар е јасно.

Од што се умира прашавте?
Од прашања се умира најмногу.
Од прашања кои немаат одговор.
Знаеш како се умира?
Без да умреш.
Мртов да живееш, жив и здрав да си, а празен како дупка.
Е од тоа се умира.

Ксенија Николова

Поврзани статии

Back to top button