Од васУбави муабети

Колку од нив ти ја познаваат насмевката? Колку ти ја избришале солзата?

Од што се плашиш, кажи ми?
Што е тоа што го собираш како згужвана хартија и го ставаш во џебот, држејќи го цврсто со раката?
Одиш. Чекориш. Се движиш помеѓу сенки од луѓе. Оние кои ги познаваш… И оние кои мислат дека те познаваат.
А душата?
Вришти таа. Нечујна… Во своите татнежи на немоќ завиткана.
Те виделе ли?
Колку од нив ти ја познаваат насмевката?
Колку ти ја избришале солзата?
Молчиш…и се прашуваш.
Дишеш. Гледаш. Не се поместуваш.
Прифаќаш, затоа што така треба. Некој рекол некогаш и ставил темел на очекувањата.
А ти… Што сакаш?
Еве… Јас те прашувам.
Ти, што сакаш?

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button