Поезија за убав ден

Песна

Да лажеш не е можно,
те мори вистина бесна –
грамот и тагата своја
скриј ја во нејасна песна.
И ако кажуваш тогаш
за пусти вечерни села два воза во здивен трк
како се сретиле в мрак –
и ако кажуваш тогаш
за крвав месечев изгрев
над темен планински врв
за црвен зрак,
во чудна сказна се слуша
тага на ранета душа.
Да лажеш не е можно,
те мори вистина бесна –
срамот и тагата своја
скриј ја во нејасна песна.

Блаже Конески

loading...