Од насУбави муабети

“Постојам, значи сум љубен”

Пази, човек!

Лошиот човек, колку и да е интелигентен, на крајот излегува глупав. Зашто доброто секогаш победува.Мудриот човек е судија над сопствените грешки и гревови. Глупавиот е судија над туѓите дела.Само глупав човек може да биде задоволен од самиот себе.Злото секогаш ја користи глупавоста.Одвај ќе ги преживее сопствените глупости, па ќе ти мудрува. Човек…И паметното прашање поставено на глуп човек станува глупо.
Некои прашања се веќе одговорени. Ама, вие си знаете…Се занимава со глупости, сѐ додека глупостите не почнат да се занимаваат со него.Ако од глупавост се најдеш во лоша состојба, не очекувај преку глупавост и да се извлечеш од неа.Правиме, правиме, правиме глупости и оп – глупостите ќе нѐ направат нас.Ако речам: „лекаре, исцели се прво самиот себе“, секој си се смета за здрав; и оп – глупост.Ако речам: „немојте да грешите“, ќе ми речат: „ти безгрешен да не си?“ И оп – глупост.Ако речам: „покајте се, оти се ближи Царството Небесно“, ќе ми речат: „гледај ти земното“, и оп – глупост.Ако речам: „љубете ги непријателите свои“, ќе ми речат: „око за око, заб за заб“; и оп – глупост. Велат дека глупоста немала крај. Крајот на глупоста е најсигурно нешто што се случува, прашање е само времето – зависи од големината или од силата на глупоста.Колку и да се воздржува човек од глупости, повторно – на крајот од денот ќе испадне предозиран – барем со информации за глупости.Глупо е ти само јавно да нагаѓаш што ќе му се случи на некој друг, додека, од твоето нага-ѓање, другиот веднаш точно знае што ќе ти се случи тебе.Глупиот човек добрината ја смета за слабост.Лесно е да мразиш, но тоа е оставено за утеха на глупите.Биди мудар како змија и незлоблив како гулаб. Ако нешто од ова ти фали – фаличен си.Ако ја нападнеш змијата со стап, таа целото свое тело го изложува на удар освен главата – која ја крие под телото. Кој е мудар, ќе сфати.Робот разбира страв. Трговецот разбира интерес. Чедото разбира љубов. Кон секој од нив треба да имаш соодветен пристап, ако сакаш да те разбере. Со глуп човек – не губи време, таквиот ништо не разбира.Во светот нема некои големи тајни; има само луѓе што сакаат да ги откријат и затоа – можат, или не сакаат и затоа – не можат.
Човекот ти е чудно суштество – не знаеш кога како ќе реагира, дури и кога мислиш и се трудиш добро да му направиш. Пази, човек!Ем шуто, ем боде, па не знаеш што да му правиш?Зошто некои си мислат дека некој баш со нив мора да се консултира што ќе прави?Обезличените тежнеат да го сочуваат обезличеното… Пари има, луѓе нема.Простотијата не оди по пустини и џунгли; оди по луѓе.Што ти е човек, дај му јадење и пиење, и веќе заборавил зошто дошол.Тенка е линијата помеѓу опуштен и распуштен.Срамот си го бара пердето.Човек кога не е сконцентриран – не знае што прави. И на непознато куче, што доаѓа кај тебе да се гали, ако не му дадеш нешто да јаде – те напушта. А камоли човек.
Убаво е да знаеме кој ни е навистина потребен. Внимателно со луѓето.Вообразениот човек е најплашлив човек.Вообразениот човек, твојата добрина кон него, ја смета за слабост.Не се плаши ако против тебе се дигне вообразен човек. Тоа ти е непријател кој сè уште се бори против самиот себе.Пред вообразени луѓе заборави ја својата кроткост – со нив само строго! Таквите смиреното однесување не го разбираат.Човекот е тој дел што најчесто знае да се откачи од целото со својот егоцентризам и тогаш престанува да свети.Творби на светлината, затемнети.Борба за опстанок и природна селекција. Ама застанете, ние не сме животни!?Луѓево станаа некои отуѓени луѓе. Мислат туѓи мислења, животот им е имитација, страстите им се втора природа. Што е навистина човекот?Што станал човекот, а што би можел да биде…

Митрополит Струмички Наум

Поврзани статии

Back to top button