ЖивотУбави совети

20 октомври – Полната месечина во Овен ја открива нашата животна мисија

Полната месечина во Овен носи некои промени и нови видици, кои можат да го променат сегашниот тек на нашите животи.

Полната месечина е многу моќен феномен на астролошкото небо. Полна со скриено значење и мистерија, полната месечина носи сосема нов спектар на енергија. Без разлика во кој хороскопски знак се наоѓа, полната месечина не носи на места длабоко скриени во нас и ни помага да го манифестираме животот од нашите соништа.

А што значи кога Месечината е полна во Овен, објаснуваме подолу.

Полна месечина во Овен
Очекуваме полна месечина во првиот хороскопски знак на 20 октомври. Кога е во Овен, полната Месечина ни носи период во кој се усогласуваме со нашата животна мисија. Под светлината на таквата Месечина, добиваме пристап и до свесното и до потсвесното, ги откриваме нашите вистински желби и потреби. Ќе имаме можност да откриеме која е нашата мисија и животна цел.

Оваа позиција на Месечината не мотивира и инспирира да ги поминеме и најтешките моменти. Добиваме нов излив на енергија, исполнети сме и се чувствуваме корисни. И да се најде цел не е секогаш лесна задача. Потребно е време, посветеност, ризици и грешки. Потребни се години и години за некои да тргнат на тој пат. Сепак, одговорот постои длабоко во нас, само треба да го најдеме.

За време на сезоната на полна месечина во Овен, бидете отворени за информациите што ги добивате од себе. Водете дневник или медитирајте. Обидете се да навлезете во длабочините на вашиот ум и душа за да се разберете себеси на подлабоко ниво. Слушајте ја вашата интуиција и овој пат нема да погрешите. Важно е само да не се плашите.

Овој период е исто така моќно време за простување. Заборавете на минатото и старата верзија на себе. Игнорирајте ги очекувањата на другите. Прифатете се себеси и она што ќе станете во овој период на промени. Честопати, потрагата по животна мисија значи и да направите нешто неочекувано или неконвенционално.

Отфрлете ги сите граници и ограничувања, отворете го вашиот ум за нови работи и создадете нова, подобра верзија од себе.

Поврзани статии

Back to top button