Убави книги и филмови

Ги прочитавте ли книгите на Јован Илиески?

Младиот автор на “Душа на парче хартија”, “Кругот на животот”, “Сенки на полноќ” и “Ноќта кога ја напуштив Прага” Јован Илиески ја издаде својата 5та книга “Соба 610”. Веќе знаете, неговите книги се читаат во еден здив, интересни и полни со мистерија, ќе го задржат вашето внимание се до последната страница.

Соба 610 (Јован Илиески) Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив? Непозната жена го пријавува нејзиниот сопруг за исчезнат, по изминати триесет часа. Прочуениот инспектор во Верона, почнува да работи на случајот, но никој не го предупредува од неочекуваното, сè додека полицаецот Пелегрини не му каже дека таа жена е многу добро позната на полицијата. По нејзиното заминување од станицата, градот на љубовта, преку ноќ се претвора во градот на измамата, скриените тајни, манипулирањето со потсвеста. Мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг достигнува напрегнат психолошки пресврт кој си игра со здравиот разум на секој лик во приказната, a најмногу со нејзиниот. На крајот, колку ќе го чини злосторникот, ако биде жртва на сопствениот хаос?

Ноќта кога ја напуштив Прага (Јован Илиески) Напуштајќи го нејзиниот роден град, Ингрид со себе го зема само нејзиниот син, знаејќи дека тоа е единственото нешто кое ѝ преостанало. Додека ги собира спомените од нејзиното минато кои ѝ го гребат срцето, налетува на човек кој го разбранува и најмалото парче љубов што останало во неа. Гледајќи да направи сѐ за иднината на нејзиниот син, Ингрид е подготвена да го прегази и споменот на нејзиниот починат сопруг.
Во пресрет на новата љубов и катастрофата која го зафаќа светот, Првата светска војна, освен во историјата, ќе стави точка и на кулминацијата во нејзиниот живот. Приказна од времето на аргатувањето, истрелите на куршумите и жртвите што ги носи војната со себе, па сѐ до времето на создавањето на Чехословачката Република и влијанието на Коко Шанел во борбата на жената за нејзините човечки права. Ова е приказна за една мајка која се бори за нејзиниот син, за нејзината љубов, што го добива заслуженото место на страниците во една од илјадниците приказни кои се незапишани низ историјата на политиката и злото, модата и џезот, аргатлукот и аристократијата, и љубовта како жртва на светскиот крвав хаос.

Сенки на полноќ (Јован Илиески) Таа не и припаѓаше на сегашноста. Беше прогонувана од минатото. А стравуваше од иднината… Сенки на полноќ е психолошка драма со интересен поглед на светот. Настаните на овој роман се сместени во Скопје и во него се зборува за девојка што исчезнува.

Поврзани статии

Back to top button