Поезија за убав ден

Суша

Очите ми се како секнати кладенци
во суша
во предел каменит, спржен, запуштен.
Како земјата што пека за капка дожд
во летен пек,
така душава пека за солза,
а двеве очи не можат никако да ја исцедат.
За показ е тоа, да знаеш!
Не туку-така горат без вода растенијата
и гладен мрее светот,
ниту се дава обилен плач
за тие што отишле поврага.

Блаже Конески

loading...