ЖивотУбави совети

Дали знаете кое е идеалното време за вашето прво утринско кафе?

Кафето е омилен утрински пијалок за многумина.

Сигурно припаѓате на мнозинството луѓе кои првото кафе го пијат веднаш штом ќе станат од кревет, но најновото истражување на експертите открива дека ова не е вистинско време да го испиете омилениот пијалок.

Сè уште не сте ги отвориле очите или не сте станале од кревет, а веќе размислувате за кафе. Звучи познато? Токму ова е дел од секојдневниот утрински ритуал на повеќето љубители на кафе. Сепак, експертите сметаат дека веднаш по будењето не е најдобро време да се испие првото кафе.

Кафето не треба да се пие веднаш по будењето
Иако кафето веднаш по станувањето дефинитивно ќе го стимулира процесот на утринско будење, тоа чувство многу брзо исчезнува. Затоа дефинитивно не треба да пиете кафе по будењето.

Најмногу ќе влијае на телото ако го пиете приближно три до четири часа по будењето. Во тој период во нашето тело нема многу кортизол, хормонот на стресот кој најчесто не буди. Затоа токму тогаш ни треба некој надворешен стимул.

Поврзани статии

Back to top button