Убави вести

Полина со ново видео- “Огледалото е одраз на она што сакаме да го видиме”


Атрактивната пејачка Полина изминатиов викенд повторно нè почести со нов видео запис, овој пат за баладата “Огледало” со која настапи на овогодишнот Макфест. Иако не освои награда, таа остави силен впечаток со раскошниот глас и стајлинг. Музиката и текстот за песната се на Полина и Иван Петровски, а аражманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видеото е креативна идеја на Полина и Владислав Гавриловски со кого ова и е трета соработа, по “Игра” и “Сè се врти во круг” кои јавноста одлично ги прифати. Видеото е дополнително збогатено со танчерката Ангела Богатинова, која го доловува “одразот” на Полина. И кога ќе се спојат убавината и креативноста на едно место, резултатот е симпатично спакувана видео приказна

Погледнете ја!

Поврзани статии

Back to top button