Од васУбави муабети

Психолог – Ангелина Василевска: Не можеме да имаме се, а тоа што го имаме можеме лесно да го изгубиме

Никогаш не можеме да имаме се што сакаме. Секогаш ќе ни недостасува нешто. Секое остварување на посакуваното инстинктивно не тера да бараме од животот повеќе, некогаш дури и
многу повеќе (речиси и нешто невозможно). Таква е човечката природа. На моменти благодарна за искра добрина, а понекогаш копнежлива и незадоволна и за реализирана амбиција од големи
размери. Колку и да постигнуваме во животот, колку и да го реализираме посакуваното, секогаш ќе се стремиме кон повеќе. Од една страна тоа може да не поттикне да заработуваме повеќе и да
станеме уште поквалитетна личност, меѓутоа од друга страна предизвикува алчност, неспокој, завист, незадоволство од досега реализираното, па често ќе бараме уште нешто повеќе, уште
нешто подобро. Како што и всушност е сосема јасно дека човечката природа е ненаситна и алчна. И покрај сето ова секој од нас може да се потруди да го сочува тоа што го има. Преку секојдневна грижа и напори. Треба да си го негуваме, цениме и почитуваме тоа што го поседуваме. Бидејќи тоа е бесценето. Тоа дефинра дел од нашата личност. Ни дава надеж, ни влева волја за живот.
Затоа треба да му се радуваме на животот, бидејќи е единствен и неповторлив. Секогаш треба да ги цениме миговите поминати со оние кои ни значат (саканите, пријателите), да ја оправдаме нивната поддршка, нивната љубов и внимание. Бидејќи сите тие се како стреичка која не штити дури и кога не се секогаш покрај нас.
​Токму поради тоа што сите ние доаѓаме празни на овој свет, такви и си заминуваме од него. Затоа ако не ги цениме овие работи многу лесно можеме да ги изгубиме и никогаш нема да можеме да ги вратиме назад. Со тоа ќе останеме празни во душата и во срцето. Метафорички кажано ќе бидеме како дрво кое не дава плодови, а таквите дрва се сечат и се фрлаат. Од нив никој нема корист и
никому не му се потребни.

Автор. психолог, Ангелина Василевска

Поврзани статии

Back to top button