Од насУбави муабети

Човекот што вистински сака не бара толку за себе, колку за личноста што ја сака

Љубовта не е просто чувство на восхит кога ќе видиме некој, или чувство на мачење кога таа личност ја нема. Човекот што вистински сака не бара толку за себе, колку за личноста што ја сака. Спротивно од тоа, чувството на заљубеност бара корист за себе, затоа што сака да биде задоволено.Вие, секако, повеќе пати сте читале, можеби и сте слушнале некој да рече: „Не можам да живеам без неа. Ете, тоа јас не го можам“. За жал, тоа укажува на самољубие – се зборува за своето „јас“ кое нема да биде задоволено додека не го добие другиот. Ако не успее во својот обид, доведува до очај.Не случајно реков дека при познанство е можен само почеток на љубовта. Затоа што во тој момент човекот почнува да се одрекува од самиот себеси и во центарот на неговите интереси веќе не се наоѓа исклучиво неговото сопствено добро. Тој почнува да се грижи за другата личност не штедејќи го сопственото време, сила и здравје. Меѓутоа, единствено животот ќе провери дали во прашање била љубов или привремена племенитост на срцето, рането од романтика. Љубовта е како преубава градина која е потребно постојано да се одгледува. Не е доволно да се засади цвеќе, важно е да го чуваш и да се грижиш за него. Неопходно е да се пази на дрвото, овошјето, тревата, потребно е да се наводнува, да се негува и да се искорени плевелот. Така и заљубеноста преминува во љубов само со непрестајна работа на себе.Љубовта не претставува идеализирање на друг човек, туку препознавање на Божјиот образ во тој човек. Љубовта не е обожување или восхит предизвикан од привремена експлозија на чувства. Љубовта е посебно гледање на срцата, кога преку надворешната телесна обвивка ќе ја видиш внатрешната убавина на другиот човек. Не те привлекува само лицето и фигурата. Се случува луѓето околу нас да зборуваат: „Што ли видел во неа?“. Меѓутоа, луѓето што се сакаат гледаат во неа нешто што другите не го гледаат. А што гледаат тие?Љубовта е скриена светлост која престојува во срцата на луѓето што се сакаат, светлост која само тие ја гледаат. Таа е потполно објективно чувство, дека сѐ што има таа личност навистина е твое, дека тоа нешто што се родило е најблиску до твоето срце.Љубовта е зрелост, длабочина и непроменливост. Љубовта е ослободување, таа е несебична и со своите дарови, и затоа во себе носи длабок мир. Љубовта не може разумно да се дефинира. Таа може да се почувствува, со неа треба и може да се живее. Само човек што вистински сака знае што е љубов.

Отец Валериј Духањин

Поврзани статии

Back to top button