Од насУбави муабети

Љубовната врска со Бога го утешува човекот

„Бог и Црквата го сакаат човекот каков што е, многу пати дури и тогаш кога родителите би го отфрлиле. Црквата го прифаќа човекот колку и да е грешен и каков и да е, со цел да му даде можност да стане таков, каков што го сака Бог. И колку многу му помага ова прифаќање! Познато е човекољубието на светите отци и старците во пустината. Сè до денес гледаме духовни отци коишто се строги кон себе си, а покажуваат крајна љубов и разбирање кон паднатиот човек и кон болната и трулежна човечка природа. Тие со голема смелост нудат помош на секој човек, земајќи го од каде што е – од неговиот пекол, и водејќи го со многу љубов и расудливост до Бога.Во Црквата постои можност за таинствено искуство со Бога. Човекот не може да се утеши само со една надворешна врска со Него. Тој е создаден за да е вљубен во Бога. Божествената љубов, кажуваат светите отци, е нужна потреба на човечката душа. Љубовната врска со Бога го утешува човекот. Таа љубовна врска, тој таинствен живот и опит со Него се храни од светотаинскиот живот, непресушната молитва и целата аскетска практика на Православната Црква, којашто ни е предадена од „Добротољубието“ и од светите отци“.

Старец Георгиј Капсанис

Поврзани статии

Back to top button