Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ангелина Василевска

Ангелина Василевска психолог и образовен асистент за деца со посебни потреби денеска го споделува својот рецепт за убав ден со читателите на www.ubavo.mk.

Сметам дека не постои однапред определен рецепт за убав ден, бидејќи секој ден си е приказна за себе. Но едно нешто е сигурно, секој ден се случуваат добри и лоши работи, односно секој ден е мој најубав ден бидејќи благослов е да се разбудам здрава за да го дочекам и исполнам со убави мисли и дела.
Како што вели народната поговорка „Утрото по денот се познава“, така и јас со самото будење, во мојот мозок ги зацртувам целите (размислувам, планирам, одлучувам) за денот што е пред мене.Се водам според мотото „Позитивни мисли – позитивен ден, негативни мисли – лично себекритикување.
Мојот ден го започнувам со утринските ритуали (миење лице, заби), правам утрински вежби (секојдневен тренинг со подготвени вежби), утринско туширање, кафенце или свежо приготвено смути (во зависност од агендата и дневните обврски). Работните обврски ми го исполнуваат претпладневниот дел од денот, а секако тие неколку часови ме облагодаруваат со задоволство, бидејќи уживам во мојата работа. Агендата на работни обврски ми е различна. Работните денови ми се исполнети со различни активности (пишување статии и колумни, советодавни разговори, ангажман со деца со посебни потреби). Токму во различноста е убавото. Не постои монотонија. Секој ден е полн со предизвици. Попладневните часови обично ги користам за пишување дневни извештаи за работа, кафе – дружба со саканите и пријателите. Додека пак вечерите се резервирани за читање некоја книга (уживам во читањето) или гледање филм. Нормално секогаш наоѓам време за себе т.е се грижам за својот физички изглед и хигиена (фитнес – тренинзи,козметички третмани, медитација). Исто така честопати правам рефлексија на изминатите денови, и размислувам за тоа што може уште повеќе да се подобри.

Доколку сето ова го сумираме, мојот рецепт за убав ден би бил ваков:
-Пет инспиративни реченици (позитивни мисли)
-додавам насмевки и бакнежи (по желба), сето тоа се меша со чаша топло кафе, или свежо
приготвено смути (по желба)
-додавам прегратки и љубезни зборови кон најблиските.
И секако немојте да заборавите да се смеете почесто и да бидете благодарни за секој миг што го живеете.

Поврзани статии

Back to top button