Рецепт за убав ден на Марк Де Јонг

Шеф Марк од кулинарската емисија Брза кујна денеска со вас го споделува својот рецепт за убав ден.

Мислам дека секој си го креира својот рецепт за убав ден. За мене секој ден е посебен, различен, уникатен…нема реприза, нема назад.
Едноставните работи ме прават многу среќен, и се трудам денот да го започнам со позитивна мисла и насмевка.
За жал, не секогаш случувањата во текот на денот зависат само од нас. Во такви денови, се обидувам да ја зачувам позитивната мисла и надеж дека сепак ќе се добијат посакуваните резултати иако можеби различно од тоа како сум замислил на почетокот на денот.
Во ова динамично време, не смееме да заборавиме дека љубовта и времето поминато со нашите сакани се најголемиот благослов. Така и го започнувам денот, доручек со мојата сопруга, разговор и планирање на дневните обврски. Најмногу ги сакам викендите кога времето го поминуваме заедно во прошетка, средба со драги луѓе или патување… така ги полниме батериите со енергија потребна за нови предизвици.
Среќен сум што мојата професија ми овозможува да допринесам за задоволство и насмевка кај моите клиенти, а со вкусовите на моите јадења да им го разубавам денот!

loading...