МодаУбави совети

Џемпер кој треба да го има во секој женски плакар оваа зима

Ништо не зборува за елеганција како морнарски дезен.

Маичка или џемпер со риги има вечно елегантен изглед за кој се сомневаме дека некогаш ќе се разниша. Некои од најелегантните моменти во историјата на модата ги вклучуваат овие познати пруги. Сетете се на Одри Хепберн во филмот „Смешно лице“ или фотографија од Брижит Бардо на плажа.

Првпат воведени во 1858 година од морнарицата во северна Франција, овие сини ленти го добиле името по областа од која првпат потекнуваат – Бретања. Но, иако унисекс парчето никогаш не го изгубило својот поморски карактер, тоа е толку популарно поради француската елеганција што ја зрачи – стилот „je ne sais quoi“ кој сите очајно го бараат.

Летото помина, а тренди девојките најдоа совршена алтернатива за морнарски џемпери за оваа зима. Станува збор за џемпер со пруги со ролка и темно сини риги.

Поврзани статии

Back to top button