Како да носите кариран костум како вистинска модна икона

Гледајќи наназад во историјата на женската облека, заклучуваме дека карираниот костум зазема силно место во гардеробата и на листата на модни трендови. Некои жени го обожаваат и го сметаат за составен дел од нивниот аутфит, додека други малку се двоумат. Во секој случај, модните трендови за сезоната есен/зима 2021/2022 година, како и изведбите во уличниот стил, ќе ве исполнат со неограничена стилска инспирација.

На врвот на трендовите, сепак, е „правилото три“ кое го редефинира модерниот андрогенски стил. Поточно, станува збор за додавање елек на вашиот костум, артикал кој е многу популарен оваа есен и зима. Можете да изберете елек во иста боја/дезен како вашиот костум или во различна нијанса или дури и од плетена ткаенина, што ќе ви помогне да ги создадете најинтересните комбинации со слоеви.

loading...