ЖивотУбави муабети

Еспресо чоколадни колачиња – вкус на кој не може да се одолее!

Станува збор за уникатни колачиња, со еспресо кафе и парчиња чоколадо во нив. Толку крцкаво, толку вкусно и толку неодоливо. Совршено со првото утринско кафе, но и со секое второ во текот на денот. Најдоброто од целата приказна е што не ви треба ни миксер за да ги подготвите.

ПОТРЕБНО – за 12 колачиња:

½ чаши путер
2 лажички инстант кафе еспресо
½ чаши шеќер
½ чаши кафеав шеќер
1 големо јајце
2 лажички екстракт од ванила
1 чаша брашно
½ лажичка сода бикарбона
200 гр темно чоколадо

ПОДГОТОВКА: Загрејте ја рерната на 250 степени. Растопете го путерот во помал сад, намалете ја топлината на минимум и измешајте го еспресото во прав. Оставете ја смесата да се излади. Додадете бел и кафеав шеќер и промешајте. Потоа додадете екстракт од ванила и јајце и сè убаво изматете со дрвена лажица. Потоа додадете брашно и сода бикарбона и сè соединете.

На самиот крај измешајте ги парчињата чоколада, а добиената смеса покријте ја со најлонска фолија. Оставете во фрижидер околу половина час. Два плехови обложете со хартија и врз нив наредете топчиња од добиената смеса. Се печат во рерна околу 15 минути.

Поврзани статии

Back to top button