ЖивотУбави совети

Чувањето на лакот во фрижидер го продолжува неговиот рок на траење: Мит или вистина?

Дали лакот навистина ќе трае подолго ако го ставиме во фрижидер?

Лакот за нокти, како и секој друг козметички производ, не трае вечно има ограничен рок на траење. Пред да одлучите да го фрлите, можете да испробате одредени трикови кои ќе му го продолжат животот.

Велат дека студената температура не само што помага формулата да не се згусне, туку помага и да се задржи живата боја подолго време. Вистина е дека пониските температури го забавуваат процесот на згуснување на лакот, но сепак само за одреден, краток период. Така, ако долго го чувате лакот во фрижидер, може да се случи само контраефект, па лакот да стане премногу густ.

Најдоброто место за чување на лакот е на поладно и потемно место. Исто така, чувајте ги лаковите исправени бидејќи така ќе им го продолжите и нивниот животен век.

Поврзани статии

Back to top button