Од насУбави муабети

Не гледај што прават другите, и немој да ги анализираш за да не паднеш во гревот на осудувањето

Не гледај што прават другите, и немој да ги анализираш за да не паднеш во гревот на осудувањето – Св Паисиј Светогорец

Ако ти дојде некое ненадејно искушение, не обвинувај го оној, преку кого тоа дошло, и ќе добиеш помош. Зашто дали преку него или преку некој друг, ти си бил должен да ја испиеш горчината од чашата на Божјата промисла – Свети Максим Исповедник

Пекол за едно дете е да биде далеку од мајка си, а за човекот да е далеку од Бога – Св Паисиј Светогорец

Сакам да потенцирам дека секое восовршување во борбата со демонот во себе, како и со демонот во другите, започнува со потполна теоретска и соодветна практична обука во мали искушенија. Справувањето со малите искушенија ја одржува нашата будност, ни овозможува континуирано вежбање и е превенција од поголемите искушенија. И, Бог допушта искушенија соодветно на нашата способност за вежбање – дедо Наум

Каде што е Христос, таму е и радоста. Затоа, Божјите луѓе со самото свое присуство шират мир, спокој, распространуваат љубов, иако зад себе го носат тешкиот крст на страданието. Ако ги читаме Житијата на Светиите ќе увидиме колку луѓето отсекогаш сакале да другаруваат со таков човек, долготрпелив, полн со љубов, кој било да е свесен или не, дарува мир на другите, им ги одмара душите со самото тоа што постои.Ете такви, мили мои, треба да бидеме ние Христијаните – Епископ и Старец г.Партениј Бигорски

Секој мора да ги носи слабостите на другиот. Кој е совршен? Кој може да се пофали дека го запазил срцето неизвалкано? Значи сите сме болни, и оној што го осудува својот брат не сфаќа дека и самиот е болен, а болен човек не осудува друг болен. Љубете, покажувајте трпение, не замерувајте, не лутете се, не жесточете се, проштевајте еден на друг, за така да го подражавате нашиот Христос и Он да ве најде достојни да бидете покрај Него во Неговото царство. Деца мои, бегајте од осудувањето, тоа е голем грев. Господ многу се жалости кога ги осудуваме и презираме другите. Ајде да се насочиме кон нашите сопствени гревови – бидејќи за нив треба да чувствуваме болка. Да се осудиме себе си за да најдеме милост и благодат од Бога – Старец Ефрем Аризонски

Поврзани статии

Back to top button