Од васУбави муабети

Ги нижеше моите слабости како твои победи…

Ти имаше безброј ножеви во твоите зборови.
Јазикот како камшик, плескаше низ истурените желби…
Те мразам!
Те сакам!
Круг.
И во кругот ноќ без ден…
Изгрев без сонце.
Тишина без месечина.
Имаше секавици во погледот.
Ги нижеше моите слабости како твои победи.
Удираше во котелот на мојата зовриена крв…
Да прелие.
Да покрие сѐ што било нежност.
Ти имаше време да го превртиш светот.
А одлучи…да го уништиш.
Сега јас правам чекор.
Бришам со прстот од онаа прашина која ја остави
Пишувам низ неа за утре.
Сега, јас решавам.
Ти имаше простор.
А јас?
Просторот го исполнувам со слобода.

Маја Спасовска

Поврзани статии

Back to top button