ЖивотУбави совети

Најтивките раси на кучиња кои многу ретко лаат

Животот со куче ни носи многу предности, но и недостатоци.

Ако живеете во стан, веројатно сте доживеале како соседите ве гледаат настрана ако вашето домашно милениче има навика да лае во 6 часот наутро. Исто како и луѓето, некои кучиња се „позборливи“ од другите. А доколку сеуште барате куче кое би можело да ви биде ново милениче, а предуслов е да не лаете многу, вие сте на вистинското место.

Денеска ви ги претставуваме најтивките раси на светот, оние кои многу ретко лаат, а дури и кога лаат речиси и не се слуша. Погледнете во продолжение и пронајдете го вашиот нов пријател.

БЕРНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ – Оваа раса на кучиња првично била создадена за работа на швајцарски фарми. Сепак, тие изминаа долг пат. Тие нежни џинови лесно го наоѓаат своето место во семејствата ширум светот, благодарение на нивната мирна природа. И покрај големината, овие кучиња ретко лаат и затоа не го нарушуваат мирот во вашиот дом.

ФРАНЦУСКИ БУЛДОГ – Друга раса што е создадена за чување во станот е дефинитивно францускиот булдог. На овие кучиња воопшто не им треба многу физичка активност, ниту грижа, а пред се се многу приврзани и тивки. Нивната разиграна природа не се манифестира во форма на лаење, што е голема предност доколку живеете под кирија.

БУЛДОГ – Исто како француската, англиската верзија на булдогот се смета за тивко и мирно куче. И како кученце ова куче нема навика да лае и да кука, а кога ќе достигне зрелост се радува и задоволува дремејќи на софата. Секогаш срдечно ќе ве поздрави кога ќе се вратите дома, но нема да инсистира да одите на долги прошетки.

БАСЕНЏИ – Басенџи е раса која го носи епитетот „тивко куче“. Речиси никогаш нема да го слушнете како лае, а кога ќе решат да лаат тоа ќе биде нешто многу тивко. Куче со многу ведар карактер, кое сака забава и дружење со своите сопственици, ќе биде речиси незабележливо во стан со многу мала големина.

Поврзани статии

Back to top button