ЖивотУбави совети

Овие 3 знаци ги очекува голема среќа на љубовно поле

Ретроградната Венера ќе владее со нашите врски до 29 јануари, па емотивните врски ќе бидат нестабилни, а ова е период во кој многумина ќе одлучат да се помират со старите љубови.

Девица
Планетите во Јарец ве тераат да барате романтични средби и љубов. Ретроградната Венера може да ви донесе помирување со бившиот партнер, но од 29 јануари таа личност ќе ја доживеете сосема поинаку. Во секој случај, љубовта нема да ви недостига, туку ќе се вратите во минатото.

Јарец
Бидејќи вие сте знак кој постојано е фокусиран на работата, Венера во вашиот знак го менува тоа. До март љубовта ќе ви биде приоритет број еден, а многу припадници на вашиот знак ќе се заљубат како никогаш досега. Време е и за проширување на семејството. Сите тие емоции што сте ги потиснале, конечно ќе можете да ги покажете некому.

Водолија
Иако под влијание на Сатурн изгледате како да сте ладни и резервирани, едноставно не знаете како да се справите со сето она што моментално го чувствувате. Венера влегува во вашиот знак во март 2022 година, па ќе ви донесе топлина и љубов. Сè што сега ви изгледа невозможно, од март ќе биде остварливо на емотивен план.

Поврзани статии

Back to top button