Убави вести

На полноќ замислете желба – оваа ноќ!

Вечерва на полноќ, задолжително замислете желбата, бидејќи оваа ноќ се остваруваат сите замисли.

Денеска се празнува Свети Василиј Велики, оваа ноќ ја славиме старата Нова година. Се верува дека токму оваа ноќ секоја замислена желба се остварува. Облечете нова облека за да донесете среќа и благосостојба во куќата и просперитет во живот. Подгответе богата и раскошна трпеза, започнете ја годината со изобилство убавини. Исто така ако ноќта во очи на Свети Василиј Велики е ведра и ѕвездена, ќе имате добро здравје цела година.

Вечерва оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

 

Поврзани статии

Back to top button