Убави вести

Во Истанбул ја најдов својата нова хероина – Јован Илиески

Младиот, амбициозен и талентиран автор Јован Илиески за читателите на www.ubavo.mk открива каде ја поминал новогодишната ноќ, но и како црпи инспирација. Посетувајќи различни земји и запознавајќи се со нови обичаи и култури инспирацијата го наоѓа него.. Вели дека во срцето на Истанбул ја нашол својата нова хероина – токму од таму започнува со пишување на својот нов роман кој со нетпрение го очекуваме. 

Кога си заминав, знаев дека пак ќе се вратам тука затоа што мојата нова приказна бараше да биде раскажана низ овие улици. Истанбул. И пак јас во него. Си се вратив во градот на Босфорот за да си го прославам почетокот на новата година и да… Да си ја најдам својата нова хероина. Во срцето на Истанбул се крие мојот нов роман, а јас не морам ништо да правам, освен да дојдам. Тоа е трикот кај нас, писателите; не ја бараме инспирацијата, туку таа не наоѓа. Може да гледаме во хоризонтот и да не размислуваме на нешто. Наеднаш, ветрот од морето почнува да ми ја шепоти приказната. И не само што знам дека тоа е тоа што ќе го напишам следно, туку и почнувам да се сомневам дали тоа навистина се случило, а јас сум се нашол во вистинското време, на вистинското место за да ми го дошепне некој тоа. Зима е тука. А, во срцето ми е пролет. Ми се раѓа нов роман, како цвет во март.

Поврзани статии

Back to top button