ЖивотУбави совети

Бел или црвен: Која е главната разлика и кој тип на компир се смета за поздрав?

Постојат неколку видови на компири, но најчесто се користат белиот или црвениот компир.

Ако го споредиме уделот на хранливи материи и хранлива вредност, и белиот и црвениот компир се многу слични. Двата вида на компири се богати со калиум, витамин Ц, железо, како и јаглехидрати кои ги одржуваат цревата здрави.

Меѓутоа, главната разлика помеѓу овие два вида компири е пропорцијата на јаглехидрати. Имено, просечниот бел компир содржи 36,5 грама јаглени хидрати, а црвениот 33,9 грама. Покрај тоа, белиот компир има малку повеќе калории (159) од црвениот компир (151).

Кога станува збор за калиум и витамин Ц, црвениот компир има мала предност во однос на белиот, бидејќи содржи речиси двојно повеќе антиоксидантни соединенија, во зависност од тоа колку се пигментирани.

Сепак, начинот на кој се подготвуваат компирите многу влијае на тоа колку оваа храна ќе остане здрава. Се препорачуваат печени како и варени компири наспроти пржени.

Накратко, и двата вида имаат свои предности, а начинот на подготовка е пресуден за компирот да биде добар и здрав за консумирање.

Црвениот компир може да има помалку калории и јаглехидрати, но белиот или жолтиот компир се подобар извор на железо и калциум.

Поврзани статии

Back to top button