Вежби за скокање: 20 минути тренинг за одлични резултати

Вежбите со скокање можат да ви помогнат да го забрзате метаболизмот, да се чувствувате подобро, но и да изгубите некој килограм вишок.

Доколку барате забавен и малку поинаков начин да останете во форма, ви претставуваме интересно решение. Тренингот за скокање е идеален за вас. И не, не грижете се, нема да ги оптоварувате зглобовите и нозете. Еве за што се работи.

Оваа вежба е насочена кон мускулите на внатрешните бутови и рацете. Започнете со 50 скокови, а потоа постепено зголемувајте. Повторете ја вежбата во пет серии.

Тоа е вежба која го таргетира средниот дел од телото (грб и стомак), како и нозете. На почетниците им се советува да прават 15 повторувања во 3 серии, за постепено да ја зголемуваат серијата и бројот на повторувања.

Вежба која ги затегнува задникот и бутовите. Започнете со 15 повторувања во 3 сета, а потоа зголемете го бројот на повторувања со текот на времето.

Оваа вежба е насочена кон речиси целото тело: раце, рамења, гради, грб и нозе. Прво скокајте 2 минути, а потоа направете минута пауза. Повторете во три серии.

Многу ефикасна кардио вежба која ќе ги активира мускулите на долниот дел на стомакот како и бутовите. На почетниците им се советува да направат 50 високи прескокнувања, па направете пауза една минута. Повторете 3 пати.

Кој треба да избегнува вежби за скокање?
Ако сте имале повреди на нозете, зглобовите, колената или бутовите, не правете ги овие вежби. Исто така, советот е луѓето кои се 50+ да прескокнуваат вакви тренинзи.

Advertisements