Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Лара Иванова

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска со вас се дружи талентираната Лара, девојката со ангелски глас. 

Не постои посебен рецепт за убав ден, нема правила. Најважно е да го правите она што најмногу ви одговара, да ги пронајдете своите идеални утрински ритуали кои ќе ве подготват за новиот ден и предизвиците со кои секојдневно се соочуваме.
Јас правам мали, но значајни ритуали за да имам успешен и реализиран ден. За добар и свеж почеток на денот, мојот рецепт е рано будење. Колку порано се разбудам, толку повеќе имам време да го испланирам денот што претстои. Кога денот ќе ми започне позитивно, без нервози и тензии, голема е веројатноста остатокот од денот да ми биде прекрасен. За подобро утринско расположение и зголемување на енергијата која ми е потребна за извршување на секојдневните обврски , утрото секогаш го започнувам со музика и со вежби за истегнување. Секако, неизбежен е свежо исцедениот сок од овошје или зеленчук . Без разлика
на обврските кои ги имам во текот на денот, секогаш пробувам да најдам време и за читање добра книга или гледање филм, прошетка во парк, дружење со пријателите. Сето ова дополнително ми го подобрува расположението. И како што велат, луѓето што се будат рано, најчесто легнуваат порано. И јас спаѓам во оваа категорија. Знаеме дека добриот сон е половина здравје, ни помага да ја подобриме концентрацијата, ни го подобрува расположението. Речиси е привилегија да се има редовен и квалитетен сон во денешно време. Моќта на добриот сон е огромна, иако за жал често ја потценуваме. Секој ден е нов почеток. Во секој ден барајте нешто позитивно и верувајте во себе, зошто и најмалиот чекор кој ќе го направите денес може да биде најголемиот чекор во вашиот живот.

Поврзани статии

Back to top button