Што би промениле кај своите мажи?

Ретко која жена барем еднаш не посакала да промени нешто кај својот партнер. Можеби карактер, начин на облекување или друштвото со кое излегува…

Вистината е дека мажите тешко се менуваат. А, уште поголема вистина е дека никој не е совршен и треба да бидете со човек кого го сакате со сите негови маани и доблести. Но, доколку би имале можност, што би промениле кај своите мажи? Запрашавме неколку жени и веројатно многу од жените ќе се пронајдат во одговорите…

„Би го променила неговиот начин на облекување. Се обидувам години да го направам тоа. Ми смета што од толку партали во плакарот не знае да направи ниту една успешна комбинација. Ме нервира што облекува сако со искинати фармерки и чудни чевли.“ – Ивана, 27 години

„Кај него не знам дали би менувала нешто… Но, дефинитивно би ја променила неговата мајка. Толку е здодевна и го пика носот насекаде, дури и онаму каде што не и е место. Можеби не би ја сменила за друга, жално е, ама со сигурност би ја пратила на пат преку океанот.“ – Сандра, 30 години

„Би го променила тоа што се однесува подетски и од нашето дете. Што не знае да исконтролира наплив на смеа. Што може да се изнасмее и во најсериозните ситуации. Тоа страшно ме нервира.“ – Елена, 27 години

„Многу работи би променила. Би сакала да е помалку љубоморен, да биде почувствителен, да не дреми на каучот со валканите чорапи, валканата облека да ја става во корпата, а не да ја враќа во плакарот, да се грижи повеќе за домот и децата…“ – Ирина, 33 години

„Би го променила тоа што знае да прди додека разговарам со другарките на телефон. Или што ме скокотка на незгодни места додека водам важен разговор со шефицата на телефон. Би го променила тоа што не знае да готви, да пегла…“ – Ана, 29 години

„Не би менувала ништо. Мојот е совршен. Додека спие, се разбира. :)“ – Александра, 30 години

„Листата е долга. Ама дефинитивно, би сакала да ја избричи брадата, страшно ме иритира по лицето со неа и би сакала повеќе време да поминува дома, наместо на работа.“ – Калина, 29 години

loading...