Од васУбави муабети

Учете од најискусните: Бабините совети кои треба да ги слушнат сите жени

Не сум најпаметна, далеку од тоа, но сигурена сум дека мојот совет ќе ви помогне да бидете посреќни и да прераснете во вистинска мудра жена.

Почитувани внуки: Не го кријте своето мислење, не дозволувајте да правите работи што не ви се допаѓаат, а сепак да молчите. Научете да се почитувате и цените себеси, во денешниот свет, ако вие не се почитувате и цените, нема да Ве почитуваат ниту другите.

Нека не ви биде тешко да ја признаете вашата грешка или да се извините некому. Луѓето мислат дека се храбри и добри ако не ја признаат својата грешка, но немојте да бидете такви. Кога ќе научите да ја признаете грешката и да се извините, никој нема да може лесно да ве повреди.

Не симнувајте ја главата ако имате лош период во животот. Откако ќе се свртите, ќе сфатите дека и овој лош период имал своја цел. Ако тропнете на врата и таа постојано не се отвора, не грижете се, тоа е затоа што тропате на погрешна врата.

Работите не можат да се променат преку ноќ, важно е да направите мали чекори кон вашата цел. Секој мал чекор ве води до голема цел. Повеќето од вашите пријателки мислат и сонуваат за принц на бел коњ. Не дозволувајте бракот да ве оптоварува, ако не сакате да се омажите, не мора. Не дозволувајте некој да ве осудува поради тоа.

Нека владеат емоциите, не потискајте ги во себе. Викајте, плачете, смејте се. Само извадете се од себе. После тоа, ќе се чувствувате многу подобри, полесни и попозитивни.

Поврзани статии

Back to top button