Внесете го циметот во секојдневната исхрана

Доколку секојдневно консумирате цимет, тој ќе придонесе за стабилизирање на шеќерот во крвта, ќе го продолжи чувството на ситост, но не само тоа, ќе го забрза и вашиот метаболизам и сето тоа ќе има силно влијание врз слабеењето. Покрај сето ова, ќе ви го регулира варењето и воедно ќе го реши проблемот со надуеност.

Прелиминарните истражувања, кои ги докажаа сите придобивки од циметот, беа претставени на почетокот на 2017 година на конференцијата на Американското здружение за срце. Во текот на 12 недели, научниците им давале на стаорците додатоци во исхраната на база на цимет додека ги хранеле со висококалорична храна.

Тестовите спроведени на стаорци пред и по завршувањето на експериментот покажале дека по земањето суплементи со цимет, тие во телото имале повеќе антиоксиданси отколку порано, пишува Нај жена. Нивната вкупна тежина се намалила, особено околу половината, иако цело време јаделе тешка храна.

Циметот е добар и за смирување на варењето и за подобрување на функцијата на мозокот, односно побрзо и подобро ќе можете да го разберете материјалот што ви е непознат.

Според истражувањето спроведено во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш во Чикаго во 2015 година, циметот го зголемува производството на протеини кои го помагаат протокот на информации. Исто така, се препорачува да ставите прстофат цимет во шолја кафе бидејќи одлично ќе влијае на вашата меморија.

Циметот е полн со антиоксиданси, помага во намалување на нивото на шеќер во крвта и може да спречи разни воспаленија.

Во една студија спроведена во 2010 година, докажано е дека водата со цимет содржи доволно антиоксиданси за да ги намали шансите за вишок килограми за дури 23 проценти.

Advertisements