Од васУбави муабети

Како да се смеам?

Како да се смеам кога се пред мене и во мене е црно.
Како да те заборавам кога ти си дел од мојот живот.
Како да живеам без тебе?
Ти беше парче од мојата душа.
Половина од моето срце.
Како да се смеам со ова крваво срце.
Искршено на ситни парчиња,
како да го зашијам или составам сега?
Ми нема излез од дното.
Ми нема спас, не.
Ти беше многу повеќе за мене отколку што си мислеше.
Беше мојата десна рака.
Мојот против отров, мојот лек.
Пола од моите изградени градби.
Како да те заборавам и да продолжам напред?
Како да глумам како ништо да не е било,
кога се беше како во филм.
Како да преболам се,
кога таква љубов не се раѓа двапати.
Се беше како во бајка,
нестварно и магично.
Не умеам да лажам, ниту пак да избришам се
само знам да простувам.
Како да ги запалам спомените
кога тие не се бришат од мислите.
Како да ги фрлам сликите
каде се ни е врежано во срцата.
Но, како да живеам со оваа тежина?
Како да правам чекор напред кон иднината
кога минатото ме убива.
Како да сонувам во мир
кога се внатре во мене се руши едно по друго.
Кој сега мене ќе ме теши.
Кој сега мене ќе ме лечи?
А мила? А сонце, а душо моја?
Кој ќе ми ги брише солзите,
кој ќе каже не се предавај.
Кој ќе каже не се давај лесно на болката,
не умирај така брзо.
Не можам да поднесам ништо.
Не можам да живеам со овој неподнослив товар.
Како да се смеам?
Не можам ни насмевка да си нацртам.
Ниту вештачка, ниту вистинска.
Како да се смеам мила сега после твојот пораз кон мене?
Како да живеам после гревот кој ти го стори?
Како да кажам ќе се борам кога немам ниту сила.
Ниту волја, ниту моќ, ниту поддршка од некој.
Нема кој да ги излечи местата на кои ти ме рани.
Нема кој да ми биде лек како што ми беше ти.
Затоа се откажувам од сонот, и од надежта.
Како да верувам кога ти ми ја украде сета верба.
Како да се смеам кога се убаво ми умре.
Како да се смеам кога се живо во мене е мртво.
И нема да живеам кога веќе ништо немам.

Андреј Јанков

  • Испратете и вие своја проза или поезија на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button