Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Оља Петрушевска Томева

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со писателката Оља Петрушевска Томева. 

Јас сум личност што секојдневно има многу активности, бидејќи сама си ги наметнувам. Јас сакам активен живот. Ма колку тоа да звучи исцрпувачки, мене тоа емотивно и енергетски ме исполнува.
Во текот на денот сакам да завршам се што си имам зацртано за тој ден, во спротивно јас нема да сум јас, нема да бидам задоволна од себе си. Значи покрај работните обврски сакам на децата и сопругот да им посветам внимание, а тука освен љубовта и гушкањето има и доста домашни обврски, кои во последно време сите четворица заеднички ги извршуваме, сакам да имам време за моите многубројни пријатели кои многу си ги сакам и ми значат, но секако сакам да имам
време и за себе. Времето резервирано само за мене е рано наутро кога најчесто вежбам и навечер пред спиење кое време го користам да напишам некоја страна од следната книга или пак да прочитам некоја убава книга.
Колку и да изгледа комплицирано да се постигне во еден ден сето она што погоре го изнесов, сепак ќе речам дека мојот рецепт за убав ден е многу едноставен – само добра организација и се е возможно.

Поврзани статии

Back to top button