Од васУбави муабети

Душата е најважниот дел на човечката психа – Василевска – психолог и образовен асистент за деца со посебни потреби

Душата е најемотивниот дел на човекот. Во неа е врежано се што човекот чувствува. Честопати не боли, но и не развеселува.
Душата е како кандилце сместено до срцето за која што не треба да дозволиме туку така да изгасне.
Секој од нас има различна судбина. Животите ни се однапред одредени со разни убавини и бариери. Секој од нас се бори да помине најдобро и најлесно што може низ животните лавиринти, да не си ја мачи многу душата. Но секој од нас различно се справува со животните предизвици и искушенија.
Душата е основа на нашето функционирање. Таа е навидум нешто невидливо. Душата е делот од нас во кој се содржат свеста и емоциите. Преку неа се што е во нашата свест и искажувањето на чувствата се одразува на надворешниот свет и на луѓето околу нас. На тој начин ние преку нашата душа создаваме слика за себе. А сликата за себе е огледало за нашата личност. Токму затоа душата
е најважниот дел на човечката психа.

Ангелина Василевска, психолог и образовен асистент за деца со посебни потреби

Поврзани статии

Back to top button