ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {15.05 – 22.05}

Што вели хороскопот за неделата која доаѓа?

ОВЕН

Оваа недела ви носи многу романтични моменти и зближување со партнерот. Ќе се чувствувате како вљубени тинејџери и секој ден ќе ја славите љубовта. Доколку сте во можност, испланирајте и романтичен викенд надвор од градот. Финансиската ситуација ќе се подобрува.

БИК

Не би било лошо доколку оваа недела се посветите малку повеќе на проблемите кои ги имате и обидете се да најдете решение. Запомнете, проблемите кои ги игнорирате, без разлика дали се дома или на работа, стануваат уште поголеми. Внимавајте на исхраната и намалете ги цигарите и кафињата.

БЛИЗНАЦИ

Оваа недела, многу Близнаци ќе запознаат некоја интересна личност и големи се шансите дека многу слободни припадници на овој знак ќе започнат нова врска. Потрудете се конфликтите на работното место да ги решавате со нормален разговор и смирен тон. Обрнете внимание на вашето здравје и направете рутински контроли кај вашиот матичен лекар.

РАК

Некои Ракови оваа недела ќе бидат збунети по средбата со личност од минатото. Ќе имате чувство дека поранешниот партнер се враќа за да побара уште една шанса и ќе бара од вас да му дозволите да ги поправи грешките од пред некое време. Но, не попуштајте. Некои работи треба да останат во минатото. Имате енергија за сите работни обврски, па искористете ја максимално.

ЛАВ

Лавовите оваа недела ќе бидат во потрага по ново работно место и тоа ќе им биде единствената преокупација. Ќе го занемарат семејството и пријателите поради ова, но ќе им биде простено. Многу од нив ќе успеат во своите намери. Затоа, оваа недела искористете ги вашиот талент, шарм и квалитетеи за да дојдете до она што веќе подолго време го посакувате!

ДЕВИЦА

Оваа недела постојано ќе се прашувате дали врската во која се наоѓате ви значи или не. Ќе бидете напнати и по малку себични, па затоа можни се расправии со партнерот. Обидете се да се опуштите, времето ќе ги даде сите одговори. Немојте да ја носите напнатоста од дома на работа, бидејќи можни се грешки кои ќе ви го загрозат работното време. Обидете се да си го подобрите расположението со долги прошетки или добра книга.

ВАГА

Ништо не доаѓа преку ноќ. Доколку сакате да ја средите катастрофалната финансиска ситуација, започнете напорно да работите. Потрудете се да не влегувате во нови долгови. Внимателно, финансиските проблеми може да се рефлектираат и на вашите семејни односи. Најдете начин како да воспостваите баланс.

СКОРПИЈА

Скорпиите оваа недела ќе блескаат и ќе бидат главни фаци каде и да се појават. Искористете ја оваа поставеност на ѕвездите за да побарате покажување на плата или да излезете на состанок со личноста со која подолго време се допишувате. Вашата енергија е на високо ниво, па затоа започнете да се занимавате и со некој спорт.

СТРЕЛЕЦ

Отворете го срцето за нова љубов! Ослободете се од се она што ве поврзува или потсетува на претходниот партнер. Почнете да се движите меѓу нови луѓе и ширете познаства. На работното место, ситуацијата ќе биде стабилна, а некои Стрелци ќе се израдуваат на унапредување. Можни се главоболки и нестабилен крвен притисок.

ЈАРЕЦ

Бидете свои, само така ќе успеете! Наместо постојано да се жалите, преземете ги конците во свои раце. Потрудете се да најдете методи како да стигнете до она што го посакувате. Посветете им внимание на саканите, во последно време како да сте ги запоставиле. Практикувајте умерена и здрава исхрана, богата со витамини.

ВОДОЛИЈА

Бурно ќе реагирате на ситници и неважни коментари. Се чини дека ви е здосадено од се и сите. Практикувајте што почесто да сте сами, во тишина како би си ги средиле мислите. Одете на кратко патување сами и откријте што навистина сакате. Размислете неколку пати пред да донесете каква било одлука која може да повреди некој од вашите блиски. Некои од Водолиите оваа недела ќе имаат проблеми со респираторниот систем.

РИБИ

Рибите оваа недела ќе бидат подготвени за добра забава и ќе иницираат многу фамилијарни ручеци и пријателски вечери. Внимателно со озборувањата на ваквите собиранки бидејќи можно е да издадете некоја тајна и да се савите во незгодна ситуација. Многу од Рибите ќе имаат недоразбирања со претпоставените кои веќе од идната недела ќе успеат да ги решат.

Поврзани статии

Back to top button