Каква кујна посакуваат жените?

Кујната е една од најважните простории во домот, особено за жената, бидејќи таму поминува добар дел од денот, подготвувајќи ги оброците за своето семејство.

Пред сè, кујната треба да биде функционална и практична. Но, исто така важно е да биде убава за око и пријатна, особено доколку се спојува со трпезаријата.

Едно неодманешно истражување, спроведено во Италија, покажа дека жените најмногу сакаат кујна во црвена боја. Па така, доколку во скоро време планирате реновирање на кујната, размислете за оваа боја. Привлечна е, a според експертите за бои, го подобрува расположението и апетитот на децата и не е тешка за чистење.

Црвената боја може да ја комбинирате со крем боја, бела, сива, црна боја. Ви нудиме и неколку фотографии за инспирација.

loading...