Болат лузните кои ми ги направи!

Ќе речат нема љубов без лузни.

Да речеме дека се согласувам. Има два вида на лузни: оние на телото, после страсна ноќ и оние на душата после неверен човек! Едните се лечат со масло од невен, другите со време. Ама, понекогаш времето не поминува и е наш најголем непријател.

Еве ме, пет години подоцна, лузните на душата уште ме болат! Ме болат кога дишам, кога зборувам, кога се туширам, кога кашлам, кога кивам. А знаеш ли кога болат најмногу? Навечер, душо болат и ме корнат. Кога со саати се обидувам да заспијам. Имам чувство како некој да ми забива нож во грлото. Срцебиењето станува се побрзо, чинам срцево ќе излезе од градите, а јас се гушам во солзи. Се прашувам дали можеше да биде поинаку?

Не знам дали времето лечи баш се. Има лузни кои ќе ни останат за навек. Одвреме – навреме ќе ги скриеме со насмевка како што подочниците ги криеме со пудра, ама тука се. И болат, и ќе болат. Ми останува само да научам со болката да живеам. Да се лажам дека со тек на време ќе биде помала…

loading...