Направете им здрав сок на вашите деца!

Здравјето на децата е најважно. Одвојте време и припремете им домашен природен сок, па нека пијат во неограничени количини без да се грижите колку конзерванси ќе внесат. Рецепт за брз и вкусен сок од капинки:

Состојки: 2 чаши капини, 1 дл вода

Во тенџере се загрева водата до вриење, па се додаваат капините. А потоа, се намалува на најтивко пламенот и се меша додека да омекнат капините (околу 5 минути). Се трга садот од пламенот, а капините се гмечат со вилушка додека не излезе целиот сок он нив.

Исцедете ги низ цедалка, почекајте да се олади и конзумирајте го во текот на денот. За најздрава опција не се додава шеќер, или ако само сакате да засладите додајте лажица мед.

loading...