Откријте го Бисерот на Јадранот!

За оние кои бараат рај на земјата вистинска дестинација е Дубровник кој не случајно го нарекуваат Бисер на Јадранот.

Дубровник е град со богата историја и складна урбанистичка целина. Ќе ве плени со прекрасна архитектура, стари камени улици кои наликуваат на лавиринт, голем број цркви, манастири, музеи и фонтани во барок стил.

Стариот град е наречен „град на спомените”.  

При самото пристигнување во градот ќе ве обземе и опушти мирисот на медитерански билки и море.

Бисерот на Јадранот е полн и жив град. Улицата Страдун е една од најпрепознатливите атракции во овој приморски град. За да се напиете кафе во срцето на градот треба да имате среќа, оти ретко се наоѓа слободно столче иако има голем број кафетерии и ресторани.

Никако не ја пропуштајте прошетката по Дубровничките тврдини, каде ќе имате можност да го почувствувате ритамот на градот, но и да се маѓепсате од глетките кои ќе се отвораат пред вашите очи.

За туристите, Дубровник секако е познат и по кристално, чистото море со преубави плажи. Најпопуларни плажи во Дубровник се: Бање, Копакабана, Св. Јаков, Бужа, Валмар и плажата на островот Локрум.

Ви предлагаме да го посетите прекрасниот јадрански  аквариум со разнолични  морски  ѕвезди, риби, ракчиња  и билки.

loading...