Рецепт за убав ден на Сандра Јовановска

Рецептот за убав ден денеска го споделува убавата и шармантна Сандра Јовановска.

Среќна сум кога денот ќе го започнам додека остатокот од градот уште спие, со мирис на зелен чај и лимон. Тогаш излегувам да трчам, обожувам трчање, ме прави среќна поради тоа што секој пат се фокусирам да се надминам себеси и заборавам на се останато. Научив дека животот е прекраток и треба да го живееме со полна пареа. Среќна сум кога ќе го искористам денот да научам нови нешта. “Пробај се што ти предизвикува страв!” И, ако ти е страв, направи го со “страв ” мене тоа ме води. Иако сум од другата страна од светот што ме дели од луѓето кои навистина ги сакам, секако денот не е ден ако не поминеш барем еден час со твојата фамилија и луѓето кои навистина ти значат. Е тоа да, тоа е вистинска среќа!

loading...