МодаУбави совети

Се вљубивме во сината боја!

Не мора да правите долги обиколки на продавниците за облека за да сфатите дека оваа сезона сината боја е апсолутен хит.

Иако оваа пролет најактуелна ќе биде светло сината нијанса, не треба да ги заборавите и останатите нијанси на сино кои за вас ќе оддадат впечаток на самоуверена девојка која знае што сака и има свој стил.

Како да ја носите најактуелната боја за сезоаната пролет-лето 2017?

Разиграјте ги црно-белите комбинации со детали во кобалтно сина боја: чанта со облик на мало куферче, сини наочари за сонце, накит во оваа боја, наметки и марами се апсолутно добредојдени.

Миди здолништата во сина боја комбинирајте ги со маички на пруги, секогаш модерната бела кошула или со сиви маички. За денските лежерни комбинации додадете балетанки или страки, а за вечерните излегувања ставете црни или бели чевли во лак варијанта.

Еднобојните фустани во сина боја комбинирајте ги со штосни фризури, ефектни парчиња накит и невообичаени чанти со принтови.

И секако не заборавајте дека џинсот во сина боја е секогаш ин! Облечете се од глава до пети во џинс или додадете фармерска јакна на кралско синиот фустан.

Ви нудиме и неколку фотки за инспирација. Знаеме, оваа сезона ќе се вљубите во сината боја!

Поврзани статии

Back to top button