Бебето е бебе бре мајки не е вонземјанец, а јас сум баба и не му мислам лошо на внучето!

Нешто се случува со овие млади генерации. Како да забораваат кој ги израснал, кој ги воспитал, кој животот за нив би го дал. Разбираме и ние постарите дека времето врви напред, дека и ние со него треба да врвиме, дека за нас е нешто ново и чудно тоа што за нив е во ред. Но, зошто немаат разбирање за нас, за времето во кое ние сме растеле, нив сме ги растеле и се било во добар ред.

Не сме читале рецепти ниту од книга, а за интернет да не правиме муабет, и да постоел не знам дали би го користеле до таа мера како денешниве генерации. Претставувате како без интернетот да не може да се живее. Бебето е бебе бре мајки не е вонземјанец. Зошто толку време трошите на интернет само за да научите како се става пелената, како се мести да цица, како и каква храна се приготвува од колку месеци и ред други секојдневни работи кои ние порано ги учевме заедно со вас, осознаваме и растевме со вас а не со интернет водичот. Се што трошите време да прочитате онлајн во пракса се учи многу брзо. Самото дете ќе ве научи, ќе ви покаже што сака, што не сака. Па нели на интернет може кој што сака да напише, и тоа за вас е релевантен извор а ние старите сме останати во времето и не не слушате. Тргнувам од мојата ќерка, секое носење на внучето кај мене таа ми запишува на лист хартија план и програма за целото време додека ќе е кај мене внучето. Па не сме ниту јас, ниту детето роботи бе ќерко. Како што знаев тебе здраво да те хранам така знам и нешто повеќе, оти сум постара, а животот е школо, за моето внуче. Со недоверба кон нас постарите сте, неправедни сте. Не станавте најпаметни кога родивте дете. Се што правиме ние постарите правиме за доброто на вашето дете, за вашето добро, оти, сте ни деца и бескрајно ве сакаме.

Нека престане таа мода, нека се посвети тоа време на децата наместо на пребарување по интенет како да се чуваат и одгледуваат. Животната пракса нека ви биде учлител!

loading...