Не е секоја жена дама!

Права дама се разликува од големата толпа на некултурни жени. Тоа најдобро се гледа по нејзиното домашно воспитување и тоа како се однесува во друштво. Многу жени се чувствуваат како дами, но, однесувањето вели нешто друго.

Права дама не се срами да каже “Те молам”,  “Благодарам”, “Извини” или “Погрешив”. Секогаш знае што сака, а што не сака. Прво го користи умот, а потоа јазикот. Не е препотентна, туку е достоинствена и приземна. Не лаже, само знае да го премолчи своето мислење. Не тежнее да излгеда како некој друг, има свој стил и манири. Не заведува мажи со ефтини фори, не се разголува и не изгледа накитена како елка со бижутерија. 

Права дама не се расправа, свесна е дека кавгата не носи ништо добро и позитивно. Го кажува својот став и се повлекува. Во секоја прилика е прикладно и отмено облчена, не премногу разголена, не премногу накитена. Не носи впечатлив и голем накит, на неа се е нежно и привлечно. Не се шминка нападно. Права дама никогаш нема чекорејќи по улица да пуши цигара и да пие пиво.Има исправено држење, гордо крената глава и дланка пружена каде што е потребна помош. За неа културата е нешто вродено, наместо “Што е?” вели  “Молам?”. Ни на крај памет не и е да пцуе додека вози. Не го колне таксистот кој ја избркал од такси само затоа што го замолила да ја смени кафанската музика. Простува, но не заборава.

loading...