Убави книги и филмови

Трилер книги кои нема да ве остават рамнодушни

Денеска, подготвиме листа на книги во кои ќе се вљубат сите оние коишто обожаваат трилер приказни, сакаат да се дружат со детективи и да решаваат мистериозни случаји.

Одбравме три дела од скандинавската крими литература кои ќе ве остават без здив и нема да ве остават да ги оставите сè до нивната последна страница. Ова се трилер книгите кои ќе ги читате, препрочитувате и препорачувате.

Убијци без лица – Хенинг Манкел

Во овој трилер роман приказната започнува со бесчувствителен криминал: една мрачна и безмилосно студена вечер на една шведска фарма, еден постар фармер е претепан до смрт, а неговата жена оставена да умре со јаже околу вратот.  Решавањето на случајот ќе биде речиси невозможна мисија за детективот Курт Валендер. Весникот Лос Анџелес тајмс го оцени ова дело како извонреден роман со хипнотизирачка длабочина и неизвесност. Книгите на Хенинг Манкел се продадени во преку 40 милиони примероци ширум светот.

Ледената принцеза – Камила Лекберг

Камила Лекберг е шведска авторка на криминалистички романи, чии  дела се преведени на околу 33 јазици. „Ледената принцеза“ е нејзиниот прв роман издаден во 2002 година, одлично примен од публиката која сака добри трилери и со феноменални критики од светски познати магазини за книжевност. Книгата, според критичарите е оценета  како дело од кое запира срцето, но истовремено и ја грее душата.

Приказната почнува со враќањето на Ерика Фалк во своето далечно родно место Фјелбака по смртта на своите родители и каде се соочува со уште една трагедија: самоубиството на нејзината најдобра пријателка од детството, Алекс.

Соломоновиот знак – Ју Несбе

Ју Несбе на нашите простори е најпознат по неговата книга „Одмазда“. но неговата најнова книга „Соломоновиот знак“ е уште подобра и повозбудлива. Во оваа книга, Несбе уште еднаш се покажа како неверојатен мајстор на жанрот.

Лето, период на годишни одмори. Осло е пуст, зафатен од тропски горештини. Во еден стан недалеку од гробиштата, од таванот капе вода, право во тенџере со зовриени компири, и создава црни грутчиња… Инспекторот Хари Хуле ќе има полни раце работа. Роман полн со пресврти и со елегантно поврзани паралелни текови.

Поврзани статии

Back to top button